Денеска во филијалата на Халкбанк во Гевгелија беше поставена изложба на илустрации од уметникот Трајче Павлов, работени за „Сликовницата на Халки“, промовирана на крајот од месецот октомври.
Халкбанк е бренд кој во своето десетгодишно постоење во Македонија големо внимание посветува на општествената одговорност преку најразлични активности кои во основа имаат две силни компоненти – борбата за здрава животна средина и едукација на децата.
Овие две мисии банката ги продолжува и периодов со т.н. еднодневни изложби на илустрации во своите филијали. Првата изложба беше во главната експозитура во Скопје на 19 ноември, кога пред вработените и клиентите беа претставени 15 илустрации од уметникот Трајче Павлов, оригинално работени за „Сликовницата на Халки“.
Денеска истата поставка е во Гевгелија како изненадување и на вработените и на посетителите на банката, што е клучен момент на целиот проект:
- Изложбата на илустрации со слончето Халки која не‘ дочека утрово, беше изненадување и за нас вработените и за нашите клиенти во филијалата во Гевгелија. Убаво е да се гледаат нивните позитивни реакции кога застануваат пред сликите. Некои не‘ распрашуваа за што се работи, некои фотографираа, а голем дел и го скенираа кодот за продажба на „Сликовницата на Халки“. Мислам дека спојот на уметност и хуманост е одличен и дека во овој период пред празниците ќе даде навистина големи резултати. Халкбанк отсекогаш се залагала за доброто и за убавото, водејќи сметка за обичниот човек и овој настан е во рамките на тие заложби. Го поздравувам и потегот проектот да дојде и во нашиот град. Изложбата и даде посебна живост на нашата експозитури која е доста посетена – вели Даниела Концалова, директорка на експозитурата.
Авантурата на Халки низ текст и илустрација ги обработува темите: екологија, прифаќање, инклузија и толеранција, важни за децата и нивниот иден светоглед.
Сликовницата е работена во еколошки бои и на еко-хартија, а илустрациите се работени во класична акварелна техника.
Покрај илустрациите во филијалата во Гевгелија поставен е и QRкодот (https://wp.me/pc9R5Q-eb) за купување на „Сликовницата на Халки“. Средствата од продажбата целосно ќе бидат наменети за СОС Детско село.
Уметноста е медиум за ширење добрина!
Повеќе информации:
За промоцијата на „Сликовницата на Халки“: https://www.youtube.com/watch?v=q4AiIHBSxlU
За Халки: https://wp.me/pc9R5Q-eb