Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.477 тестирања, а има 554 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 258
- Кавадарци 51
- Прилеп 41
- Куманово 25
- Неготино 22
- Охрид 18
- Тетово 16
- Струга 13
- Гевгелија 12
- Битола 11
- Велес, Струмица и Крива Паланка – по 10
- Штип 8
- Кичево 7
- Гостивар и Валандово – по 6
- Крушево и Богданци – по 5
- Пробиштип и Демир Хисар – по 4
- Кочани 3
- Делчево 2
- Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 1
Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (77г, 70г) и по еден пациент од Прилеп (72г), Кавадарци (73г), Охрид (71г), Ресен (68г) Валандово (66г) и Дојран (64г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 210 оздравени пациенти од:
- Скопје 90
- Прилеп 25
- Кавадарци 19
- Неготино и Тетово – по 8
- Куманово и Штип – по 7
- Гостивар и Делчево – по 6
- Гевгелија 5
- Битола и Велес – по 4
- Струмица, Крушево и Берово – по 3
- Кочани, Свети Николе, Виница и Ресен – по 2
- Охрид, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748.