Министерот Венко Филипче ги претставува пред јавноста најновите информации за коронавирусот во земјата.
Прес на Венко Филипче
Утрово, Филипче имаше вонредно обраќање за да соопшти дека лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, од денеска се во задолжителна домашна изолација. Тестовите и на двајцата се негативни. Тестирањето било направено откако беше дијагностициран со КОВИД-19 новинар кој им правеше интервју.