Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.648 тестирања, а има 383 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 201
- Куманово 11
- Штип 21
- Прилеп 20
- Тетово 8
- Струга 5
- Велес 9
- Битола 12
- Охрид 4
- Кавадарци 7
- Гостивар 6
- Гевгелија 8
- Струмица 20
- Крива Паланка 6
- Радовиш 7
- Кочани 7
- Пробиштип 3
- Берово 5
- Валандово 4
- Виница 1
- Делчево 4
- Свети Николе 5
- Кичево 4
- Ресен 2
- Неготино 3
Во болнички услови починати се 7 лица, пациенти од Куманово (63г), Тетово (69г), Гевгелија (67г), Скопје (51г), Кавадарци (60г) и двајца пациенти од Битола (60 и 79г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од:
- Скопје 43
- Куманово 6
- Штип 3
- Тетово 10
- Битола 2
- Охрид 2
- Кавадарци 1
- Гевгелија 3
- Струмица 1
- Крива Паланка 3
- Радовиш 4
- Кочани 8
- Берово 2
- Валандово 3
- Свети Николе 2
- Кичево 2
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 14 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 96 пациенти. На кислородна поддршка се 58 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки позитивни на КОВИД-19, нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 41 пациент. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 195, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Досега во земјата се направени вкупно 207.891 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.937, бројката на оздравени пациенти е 16.194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.951.