Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.094 тестирања, а има 1.293 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 626
- Прилеп 88
- Велес 60
- Гостивар, Кавадарци и Битола по 48
- Тетово 46
- Штип 41
- Неготино 36
- Охрид 34
- Струмица 33
- Куманово 28
- Кочани 23
- Радовиш 18
- Гевгелија 17
- Пробиштип 12
- Валандово и Демир Капија по 11
- Кичево 10
- Делчево 9
- Струга, Крива Паланка и Берово по 8
- Крушево 6
- Ресен 5
- Богданци 4
- Свети Николе 3
- Дебар, Виница, Пехчево и Дојран по 1

Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 до 90 години и тоа: 14 пациенти од Скопје, 2 од Прилеп и по еден од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево. Дваесет и три пациенти се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.
Регистрирани се 339 оздравени пациенти од:
- Скопје 220
- Прилеп 25
- Гевгелија 14
- Тетово и Велес по 9
- Куманово 8
- Гостивар 7
- Струмица 6
- Крива Паланка и Богданци по 5
- Штип и Битола по 4
- Кичево, Берово и Демир Хисар по 3
- Кавадарци, Кочани, Пробиштип и Виница по 2
- Охрид, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш и Кратово по 1 лице
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.