Почетна » Новости » Актуелно » Божиновски часовници и накит повторно избран за најдобар трговски објект

Божиновски часовници и накит повторно избран за најдобар трговски објект

Во година полна со предизвици, која ја одбележа отворањето на реновираниот бутик на улица „Македонија“ и година во која компанијата започна нова страница преку проектот „Своч на Кирилица“, со што се фоксуираше на целокупната креативна заедница во Македонија, а не само кон своите потрошувачи, „Божиновски часовници и накит“ повторно го доби признанието од Град Скопје и SWOT Research – Најдобар трговски објект во категоријата модни додатоци и накит.

Божиновски часовници и накит

„Оваа награда ја добиваме четврти пат и како компанија која е насочена кон создавање на неповторливо искуство на потрошувачите во нашите продажни салони, а не само кон класична продажба ни претставува особена гордост. Она во што од создавањето на Божиновски постојано инвестираме е креирање на чувство и емоции кои непрекинато ги споделуваме со нашите клиенти и среќни сме што нашите обиди на пазарот да понудиме нешто различно и ново е забележано од страна на потрошувачите“ - велат од компанијата.

Божиновски часовници и накит Божиновски часовници и накит

Круна на приказната на Божиновски претставува неодамна започнатиот заеднички проект со Swatch – „Своч на кирилица“ преку кој македонските уметници ќе добијат можност да дизајнираат часовници од овој бренд и на тој начин заеднички да дадеме придонес за поддршка и промоција на креативците од нашата земја.

„Првиот часовник е веќе создаден и верувајте повредно од секоја продажба се лавината на позитивни реакции и коментари кои ги добивме од јавноста за овој наш проект, тоа е чувството за кое зборуваме, тоа е нашиот стремеж како компанија – да создаваме заедники вредности со целокупната заедница и на тој начин секојдневно да сме во обид да ја победуваме просечноста“ - потенцираат од „Божиновски часовници и накит“.

Божиновски часовници и накит Божиновски часовници и накит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.