Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 2.267 тестирања, а има 386 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 178
- Куманово 18
- Дебар 1
- Штип 8
- Прилеп 20
- Тетово 13
- Струга 9
- Велес 5
- Битола 13
- Охрид 7
- Кавадарци 3
- Гостивар 4
- Гевгелија 18
- Струмица 44
- Крива Паланка 7
- Радовиш 4
- Кочани 10
- Пробиштип 1
- Македонски Брод 1
- Берово 7
- Валандово 3
- Виница 2
- Делчево 1
- Свети Николе 3
- Кичево 4
- Неготино 2
Починати се 6 лица, од два пациенти од Скопје (67г. и 67г.), пациентка од Тетово (72г.), од Битола (44г.), Струга (62г.) и Свети Николе (81г.).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од:
- Скопје 61
- Куманово 23
- Дебар 1
- Штип 4
- Прилеп 9
- Тетово 5
- Струга 2
- Велес 5
- Битола 6
- Гостивар 2
- Гевгелија 1
- Струмица 15
- Крива Паланка 2
- Радовиш 2
- Кочани 1
- Пробиштип 2
- Берово 4
- Делчево 1
- Свети Николе 3
- Кичево 5
Досега во земјата се направени вкупно 203779 тестирања на КОВИД-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на КОВИД-19, а хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 212, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.163, бројката на оздравени пациенти е 16.009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.373.