Почетна » Новости » Актуелно » WWF: Природата секогаш може без нас, но не и ние без неа, затоа се потребни итни мерки

WWF: Природата секогаш може без нас, но не и ние без неа, затоа се потребни итни мерки

Итни мерки за решавање на проблемите од глобалното затоплување и обезбедување одржлива иднина за сите жители на планетата, бара Светскиот фонд за природа (WWF), кој оваа година го слави својот 60-ти роденден.

- Состојбата е загрижувачка, заедно со владите, компаниите и заедниците, треба да постигнеме повеќе во следните 10 години отколку што имаме направено во изминатите 60 години, рече Марко Ламбертини, извршен директор на WWF International.

Според него, сведоци сме на катастрофалниот колапс на биодиверзитетот на нашата планета.

Најновиот извештај на WWF за состојбата со планетата откри опаѓање од 68% на популацијата на дивиот свет во последниот половина век, што пак ја загрозува нашата клима, храна, водата за пиење и секако здравјето.

WWF

Од своето основање во 1961 година, WWF- глобално препознатлива по фотографиите и логото на панда, се прошири од заштита на видовите и живеалиштата до зачувување на дивиот свет, шумите, морињата и слатководните екосистеми, како и трансформација на пазарите, земјоделските практики прилагодени на климата и подобрување на управувањето со природните ресурси.

Денес оваа организација прераснува во мултикултурна глобална организација која работи во речиси 100 земји и е поддржана од повеќе од 35 милиони луѓе користејќи го својот глас и активности за создавање поправеден, поздрав и поодржлив свет.

WWF Adria работи во нашиот регион, опфаќајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Северна Македонија, Словенија и Србија.

- Иако официјално постоиме само шест години, WWF е присутна тука од почетокот на овој век. Заедно со голем број партнери работиме на значителни промени како што се запирање на стимулациите за изградба на мали хидроцентрали или подобрување на управувањето со заштитените подрачја. Горди сме на нашата долгогодишна работа за воспоставување на прекуграничен биосферен резерват Мура-Драва-Дунав, кој треба да биде признаен од УНЕСКО оваа година, вели Наташа Калауз, директор на WWF Adria.

Калауз посочува дека WWF има значајна улога во зачувувањето на Јадранското Море, но исто така и на рибарите и другите заедници кои зависат од тоа. Преку воспоставување на првата зона за забрана за риболов во Паркот за природа Телашица, донесена во соработка со рибарите, и промовирање на одржлив туризам, WWF истовремено го штити Јадранот и ја зајакнува економијата преку т.н. Проекти за сина економија.

- Ширум светот, WWF работи на заштита на најпознатите животински видови, како и на враќање на нивните популации во дивината. Нашиот регион е дом на многу животни неопходни за нашиот опстанок и ние сакаме да ги зачуваме и заштитиме и да ги подобриме односите меѓу луѓето и нашите крушни ѕверови: волци, рисови и мечки. Природата отсекогаш можела да постои без нас, но ние луѓето не можеме без природата. Во WWF, решени сме да придонесеме за иднина во која напредуваат и луѓето и природата, заклучува Калауз.

Веќе 60 години, WWF е и останува во центарот на глобалните напори за зачувување на планетата Земја. Оваа организација е основач на низа иницијативи, чии ефекти се чувствуваат и денес - од поддршка за воспоставување на светски познати заштитени подрачја како што се Националниот парк Галапагос или вулканите на Еквадор и Руанда, до зачувување на клучните видови, вклучувајќи панди, тигри , носорози и слонови. Водени од науката, WWF се соочија со големи еколошки предизвици, од заштита на бројни заедници или лансирање на првите еко-етикети во светот за храна и производи за широка потрошувачка, до застапување за усвојување на глобални договори за мочуришта, трговија со диви животни, биодиверзитет и клима.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19814 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.