Краток филм кој цели стопирање на злоупотребата на животни стана вирален хит.
„Save Ralph“ го следи зајакот Ралф, кој „работи“ во лабораторија за тестирање на козметика. Уште на почетокот, тој укажува дека има слепило на едното око, оштетен слух и изгореници по телото, но до крајот, неговата состојба значително се влошува.
За време на неговите исповеди пред камера во стил на документарен филм, тој вели дека сите негови роднини умреле на „работното место“ и дека веројатно и него го чека истата судбина, пред да биде одвлечен од неговиот дом од човечка рака и ставен во лабораторија.
„Ниту едно животно не треба да умре или да страда во име на убавината“ – е пораката на филмот со Оскаровецот Таjка Ваjтити.