Поразителен е податокот дека денес една од три жени доживува насилство или злоупотреба во текот на својот живот. Насилството врз жените е најраспространето кршење на човековите права во светот! Ситуацијата не е ништо поразлична ни во Македонија. Тоа е нешто што не треба да се случува!
Затоа Авон како компанија која ги поврзува луѓето, и е дел од секојдневието на секоја жена, независно од нејзината возраст и образование, континуирано поддржува проекти и здруженија од хуманитарен карактер отсликувајќи ја својата заложба за подобар и поквалитетен живот за сите, и развивајќи го чувството за помош, поддршка и солидарност.
„Ние во Avon веруваме во свет без семејно насилство. Среќни сме секогаш кога ќе ни се даде можност за поддршка и финансирање на проекти со кои излегуваме во првата борбена линија против семејното насилство. Од оваа определба нема никогаш да се откажеме. Ќе продолжиме со поддршка и напорна работа се додека не се осигураме дека жените и девојките се разбрани и фер третирани кога бараат помош или кога пријавуваат злоупотреба”, изјави Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба – Avon Македонија.
Оваа година, симболично само на ден после интернационалниот ден на жената, Avon Македонија повторно донира износ од 1.500.000 ден. на кризниот Центар Надеж, за реализација на проектот ВИЕ ЗБОРУВАТЕ – НИЕ СЛУШАМЕ. Средствата се собрани од продажбата на АVON производите означени со знакот за бесконечност - Стоп за насилство врз жени. 100% од профитот од овие производи е наменет за фондацијата Борба против семејно насилство.
Avon Македонија со години соработува со својот партнер Кризен Центар Надеж и финансира витални услуги за спасување на животи, а досега се донирани 17000$ за поддршка на повеќе проекти на овој центар.
Со денешната донација ќе бидат подржани следните активности на центарот: 24 часовна Национална СОС линија за помош и информации во секое време; Обезбедување првична и интервентна финансиска помош на жртвите на семејно насилство кои го напуштаат шелтерот (КЦ Надеж ќе им обезбеди на жените жртви ваучери од различни компании за набавка на храна, облека, лекови и хигиенски средства); како и обезбедување безбеден привремен престој за жртвите во времетраење од 24-48 часа.