Козметичката компанија AVON во четвртокот го прослави 135-от роденден на сите пазари ширум светот, лансирајќи ја новата кампања WatchMeNowManifesto 2.0.
Прославувајќи ја убавината на различноста, компанијата најави подобрување на моделот за продажба, не само за да ја зајакне својата позиција на пазарот, туку и подобро да го рефлектира AVON на новото време – иновативен, смел, инклузивен бренд за убавина чиј бизнис е флексибилен и достапен за сите.
„Уште од 1886 година, ја препознаваме различноста на убавината и од една жена пионер, госпоѓа Алби, нашиот прв Претставник, стигнавме до бројка од 5 милиони Претставници ширум светот кои работат, се надградуваат и заработуваат на свој начин, по сопствени правила. И ова е само почетокот, и во следните 135 години ќе продолжиме да ги поддржуваме жените, да го подобриме нивниот живот и гласно ќе ги рушиме бариерите кои ги спречуваат да го постигнат својот потенцијал“ - вели Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба во AVON и додава: „Живееме во целосно дигитализирана ера, во која AVON секојдневно ги прилагодува своите стандарди за работа и својот бизнис го направи пофлексибилен и достапен за сите. Тоа е само една од причините поради која многу жени сакаат да бидат дел и да растат со компанијата“.
Создаваме подобар свет за жените
За да ја одбележи својата 135 годишнина, AVON ќе додели грантови во висина од 1,35 милиони долари за проекти поврзани со мисијата на брендот за подобрување на животот на жените ширум светот. Ова е продолжение на кампањата „Мојата приказна инспирира“, за која брендот создаде дигитална платформа, каде жените беа охрабрени да ги споделат своите искуства и да ги прослават своите достигнувања. За секоја споделена приказна AVON донираше по 1 долар за хуманите каузи кои им се најважни на жените.
До денес, на глобално ниво, фондацијата AVON има донирано повеќе од 1 милијарда долари за подигнување на свеста за ракот на дојка и борбата против насилство врз жените.
А ова е само почетокот...
AVON е еден од пионерите кога станува збор за демократизирање на убавината и создавање на иновативни, квалитетни производи кои се достапни за сите. Во портфолиото на брендот се вбројуваат над 750 патенти и топ козметички иновации. Со 5 милиони Претставници на повеќе од 50 пазари во светот, AVON ги забрзува своите иновации и својата бизнис трансформација во последните 12 месеци – преку зголемени активности со користење на нови дигитални алатки за поддршка на своите Претставници, како и нови производи предводени од патентирани технологии. Нивните последни иновации ги вклучуваат и иновативната ProtinolTM технологија, која ја враќа седумгодишната загуба на колагенот за само седум дена, комплексот Oxypure, кој го зголемува нивото на кислород во клетките на кожата, што доведува до нејзино брзо обновување и Far Away Beyond, првиот парфем создаден со одржлива технологија и првиот високоинтензивен мирис на брендот.
Одговорна компанија
AVON ја препозна својата улога во решавање на предизвиците за брзите климатски промени, па така стана првиот бренд кој го сопре тестирањето врз животни во целиот свет и го пренасочи својот бизнис кон регенерирање и одржливост. Брендот се стреми да создава производи од доверливи извори, да го намали влијанието врз животната средина за да остави подобар свет за идните генерации.
Прославуваме 135 години достигнувања и прогрес
Во својата 135 годишна историја, AVON во своето портфолио гордо може да се пофали со импресивни достигнувања како:
- Производите имаат освоено над 300 награди во последните три години.
- Се продаваат 7 шишенца парфеми секоја секунда-многу повеќе од кој било друг бренд.
- 70% од тимот на научници во институтот на AVON, се жени.
- Заедно со своите Претставници, AVON донираше повеќе од 1 милијарда долари за хумани каузи.
- Донираше 10 милиони долари во хуманитарни мисии ширум светот во последната декада.
- Финансираше 16.4 милиони прегледи на гради и помогна на 14 милиони жени ширум светот, жртви на семејно насилство.
- Брендот за убавина финансираше повеќе од 9.3 милиони долари образовни стипендии.
Видео кампањата по повод 135 години AVON можеш да ја погледнеш тука:
AVON WMN Manifesto 2.0
Комерцијален текст