Министерството за здравство извести дека во изминатото деноноќие направени се 724 тестирања, а се потврдени 96 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 24
- Куманово – 6
- Штип – 24
- Прилеп – 1
- Тетово – 7
- Струга – 9
- Битола – 1
- Охрид – 6
- Гостивар – 4
- Струмица – 3
- Крива Паланка – 1
- Радовиш – 5
- Кочани – 2
- Свети Николе – 3
Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 76 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица на возраст од 85, 71 и 53 години, а кај 48-годишен пациент вирусот е потврден постмортем.
На Клиника за пулмологија е починат пациент на 79 години, на гастроентерохепатологија пациент на возраст од 79 години. Во болницата во Битола почина пациент од Кичево на 82 години, во КБ Тетово пациент на 60 години. Во Филип Втори е починат пациент на 62 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од:
- Скопје 27
- Куманово 16
- Прилеп 4
- Тетово 4
- Кавадарци 1
- Гевгелија 1
- Крива Паланка 3
- Кратово 1
- Кичево 1
- Ресен 3
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациент. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 6 позитивни деца, 2 деца и една мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
- Чаир – 291
- Аеродром – 189
- Бутел – 140
- Гази Баба – 207
- Центар – 162
- Карпош – 168
- Сарај – 115
- Кисела Вода – 148
- Ѓорче Петров – 120
- Студеничани – 107
- Шуто Оризари – 104
- Арачиново – 34
- Илинден – 22
- Петровец – 21
- Чучер Сандево – 14
- Сопиште – 20
- Зелениково- 11
- Странец – 7
Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.249, бројката на оздравени пациенти е 4.871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.946.