Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 997 тестирања, а има 92 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 17
- Куманово 6
- Штип 6
- Прилеп 2
- Тетово 7
- Струга 3
- Велес 2
- Битола 3
- Охрид 2
- Кавадарци 1
- Гостивар 5
- Гевгелија 3
- Струмица 2
- Крива Паланка 1
- Кочани 3
- Македонски Брод 2
- Пехчево 3
- Берово 1
- Делчево 13
- Свети Николе 4
- Кичево 5
- Неготино 1
Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (41г) и пациент од Дебар (63г) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35г) почината вон болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од:
- Скопје 24
- Куманово 31
- Штип 8
- Тетово 3
- Гостивар 8
- Пробиштип 1
- Берово 6
- Виница 2
- Делчево 3
Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.090, бројката на оздравени пациенти е 12.235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.238.