Почетна » Новости » Актуелно » 88 новозаболени, 123 оздравени и 3 починати од коронавирус во Македонија

88 новозаболени, 123 оздравени и 3 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 973 тестирања, а се потврдени 88 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје - 30
  • Куманово - 8
  • Дебар - 1
  • Штип - 13
  • Прилеп - 5
  • Тетово - 3
  • Струга - 11
  • Велес - 1
  • Битола - 1
  • Охрид - 2
  • Кавадарци - 1
  • Гостивар - 1
  • Пробиштип - 1
  • Кратово - 1
  • Свети Николе - 1
  • Кичево - 8
Податоци

Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-70, Штип-6, Прилеп-4, Тетово-31, Велес-3, Кочани-2, Пробиштип-1, Кичево -1, Ресен-4, Неготино-1.

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип. Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст од 43 и 72 години. Во КБ Штип е почината пациентка на 76 годишна возраст.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 88 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 302
  • Аеродром – 162
  • Бутел – 135
  • Гази Баба – 199
  • Центар – 138
  • Карпош – 145
  • Сарај – 118
  • Кисела Вода – 107
  • Ѓорче Петров – 113
  • Студеничани – 116
  • Шуто Оризари – 83
  • Арачиново – 42
  • Илинден – 23
  • Петровец – 20
  • Чучер Сандево – 11
  • Сопиште – 12
  • Зелениково- 15
  • Странец – 6
  • Нераспределен- 41

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197, бројката на оздравени пациенти е 4.326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.486.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.