Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 793 тестирања, а има 72 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 45
- Куманово 4
- Тетово 4
- Гостивар 4
- Штип 4
- Кавадарци 3
- Струга 4
- Кичево 1
- Свети Николе 1
- Неготино 1
- Дебар 1
Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (74, 69, 93 и 87г), три од Прилеп (69, 76 и 57г), еден пациент од Велес (51г), еден од Неготино (80г), еден од Дебар (71г), еден од Радовиш (66г), еден од Македонски Брод (66г) и еден пациент од Кратово (76г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.023 оздравени пациенти од:
- Скопје 511
- Куманово 51
- Тетово 32
- Прилеп 46
- Гостивар 29
- Штип 17
- Битола 34
- Велес 38
- Струмица 26
- Кавадарци 50
- Кочани 22
- Кичево 11
- Свети Николе 5
- Гевгелија 15
- Неготино 21
- Дебар 22
- Ресен 3
- Крива Паланка 20
- Радовиш 23
- Берово 9
- Делчево 1
- Пробиштип 3
- Виница 4
- Валандово 5
- Македонски Брод 2
- Богданци 6
- Крушево 3
- Демир Капија 2
- Пехчево 11
- Дојран 1
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.463, бројката на оздравени пациенти е 74.800, на починати е 2.739, а бројот на активни случаи изнесува 11.924.