Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 7.174 тестирања, а има 708 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 315
- Куманово – 53
- Тетово – 38
- Струмица – 33
- Штип – 24
- Струга – 23
- Кичево – 21
- Битола – 19
- Прилеп, Велес и Охрид – по 18
- Гостивар и Кавадарци – по 17
- Берово – 14
- Дебар – 13
- Делчево – 9
- Крива Паланка – 8
- Кочани, Неготино и Радовиш - по 7
- Свети Николе – 6
- Гевгелија и Кратово – по 4
- Ресен, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3
- Пехчево – 2
- Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1
Пријавени се 32 починати лица: 11 од Скопје (81г, 79г, 74г, 73г, 69г, 67г, 67г, 66г, 60г, 50г и 42г), 5 од Тетово (78г, 78г, 65г, 63г и 53г), 4 од Гостивар (73г, 72г, 70г и 63г), 3 од Куманово (80г, 76г и 64г), по 2 од Охрид (65г и 25г) и Струмица (70г и 69г) и по едно од Битола (70г), Штип (58г), Струга (81г), Кочани (64г), и Виница (47г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 573 оздравени пациенти од:
- Скопје – 199
- Тетово – 62
- Гостивар – 54
- Куманово – 53
- Струмица – 46
- Кичево – 25
- Кавадарци – 16
- Велес – 15
- Прилеп – 13
- Дебар – 12
- Штип – 11
- Ресен – 10
- Битола и Радовиш – по 9
- Кочани – 6
- Свети Николе и Делчево – по 5
- Валандово – 4
- Гевгелија, Неготино и Виница – по 3
- Крива Паланка и Македонска Каменица – по 2
- Охрид, Берово, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Пехчево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 179.587, бројката на оздравени пациенти е 158.441, на починати е 6.045, а бројот на активни случаи изнесува 15.101.