Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 2.730 тестирања, а има 642 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 321
- Прилеп и Велес по 40
- Куманово 27
- Гостивар 23
- Кавадарци 22
- Охрид 20
- Тетово и Неготино по 17
- Штип 15
- Битола и Струмица по 13
- Берово 12
- Делчево 9
- Гевгелија 7
- Ресен и Богданци по 6
- Струга и Кочани по 5
- Дебар, Виница и Крушево по 4
- Кичево и Свети Николе по 3
- Македонски Брод 2
- Крива Паланка, Радовиш, Кратово и Демир Капија по 1

Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 61 до 91 година и тоа: 5 пациенти од Скопје, 3 од Тетово 3, по 2 од Прилеп, Гостивар и Кавадарци и по еден од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Регистрирани се 524 оздравени пациенти од:
- Скопје 347
- Прилеп 42
- Куманово 21
- Битола 16
- Тетово 13
- Велес и Гевгелија по 12
- Кочани 10
- Гостивар 9
- Берово 8
- Струмица 6
- Валандово 5
- Крушево 4
- Свети Николе, Кратово, Пробиштип и Пехчево по 3
- Кичево 2
- Кавадарци, Охрид, Крива Паланка, Демир Хисар и Дојран по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131.