Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 2.366 тестирања, а има 493 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 210
- Куманово 28
- Штип 14
- Прилеп 14
- Тетово 7
- Струга 6
- Велес 34
- Битола 15
- Охрид 24
- Кавадарци 32
- Гостивар 10
- Гевгелија 17
- Струмица 17
- Крива Паланка 6
- Радовиш 7
- Крушево 1
- Кочани 5
- Пробиштип 3
- Македонски Брод 1
- Демир Хисар 1
- Пехчево 5
- Берово 6
- Валандово 5
- Виница 1
- Свети Николе 2
- Кичево 9
- Ресен 5
- Неготино 8
Починати се 15 лица, четири пациенти од Скопје (47, 58, 81 и 56г), еден од Куманово (35г), двајца од Струга (75 и 64г), еден од Велес (70г), двајца пациенти од Битола (70 и 56г), еден од Охрид (80г), еден од Кавадарци (73г), еден од ПЕ Гевгелија/ Богданци (63г), еден пациент од Крива Паланка (65г) и еден пациент од Неготино (67г). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 450 оздравени пациенти од:
- Скопје 154
- Дебар 15
- Штип 32
- Прилеп 32
- Тетово 18
- Струга 16
- Велес 27
- Битола 34
- Кавадарци 23
- Гостивар 17
- Гевгелија 11
- Струмица 14
- Крива Паланка 4
- Радовиш 6
- Кочани 1
- Пробиштип 5
- Македонски Брод 2
- Валандово 1
- Виница 3
- Кратово 1
- Свети Николе 6
- Кичево 8
- Ресен 1
- Неготино 19
Досега во земјата се направени вкупно 399.163 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82.794, бројката на оздравени пациенти е 60.706, на починати е 2.488, а бројот на активни случаи изнесува 19.600.