Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.682 тестирања, а има 457 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 198
- Прилеп 32
- Куманово 30
- Охрид 29
- Велес 25
- Кавадарци 24
- Штип 17
- Тетово 16
- Гевгелија 15
- Гостивар 13
- Струмица и Кочани по 9
- Струга, Неготино, Свети Николе, Македонски Брод, Виница по 5
- Пробиштип 3
- Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Богданци по 2
- Ресен, Дебар, Берово и Кратово по 1
Пријавени се вкупно 30 починати лица, на возраст од 50 до 84 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, 6 од Прилеп, по 3 од Битола и Охрид, по 2 од Кочани и Демир Капија и по едно од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Регистрирани се 700 оздравени пациенти од:
- Скопје 291
- Кавадарци 52
- Неготино 42
- Охрид 38
- Велес 36
- Прилеп 35
- Куманово 26
- Крива Паланка 25
- Гостивар 23
- Гевгелија 18
- Битола 15
- Струга 14
- Струмица 13
- Кочани 11
- Богданци 10
- Тетово 8
- Берово 7
- Штип, Радовиш и Демир Капија по 5
- Пробиштип и Валандово по 4
- Свети Николе и Кратово по 3
- Демир Хисар 2
- Кичево, Ресен, Виница, Крушево и Македонски Брод по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.