Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.387 тестирања, а има 357 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 132
- Куманово 15
- Дебар 4
- Штип 11
- Прилеп 17
- Тетово 14
- Струга 9
- Велес 4
- Битола 18
- Охрид 24
- Кавадарци 18
- Гостивар 8
- Гевгелија 18
- Струмица 18
- Крива Паланка 5
- Радовиш 1
- Крушево 1
- Кочани 8
- Пробиштип 5
- Валандово 1
- Виница 1
- Делчево 1
- Свети Николе 2
- Кичево 8
- Ресен 8
- Неготино 6
Починати се 18 лица, седум пациенти од Скопје (72, 34, 73, 83, 51, 56, 58г), еден од Куманово (60г), двајца од Струга (70 и 82г), двајца од Битола (48 и 78г), четири пациенти од Охрид (84, 82, 70 и 78г), еден од Кочани (55г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 689 оздравени пациенти од:
- Скопје 263
- Куманово 36
- Штип 40
- Прилеп 43
- Тетово 27
- Струга 37
- Велес 40
- Битола 39
- Охрид 34
- Кавадарци 23
- Гостивар 31
- Гевгелија 8
- Струмица 5
- Крива Паланка 3
- Радовиш 4
- Крушево 1
- Кочани 13
- Пробиштип 2
- Демир Хисар 3
- Македонски Брод 3
- Валандово 2
- Виница 1
- Кратово 2
- Свети Николе 7
- Кичево 3
- Ресен 3
- Неготино 16
Досега во земјата се направени вкупно 380.616 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78.305, бројката на оздравени пациенти е 54.034, на починати е 2.292, а бројот на активни случаи изнесува 21.979.