Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.455 тестирања, а има 345 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 129
- Куманово 21
- Дебар 9
- Штип 12
- Прилеп 26
- Тетово 10
- Струга 8
- Велес 13
- Битола 6
- Охрид 23
- Кавадарци 31
- Гостивар 1
- Гевгелија 7
- Струмица 9
- Крива Паланка 6
- Радовиш 5
- Крушево 4
- Пробиштип 1
- Виница 3
- Делчево 2
- Кратово 1
- Кичево 1
- Ресен 3
- Неготино 14
Починати се 8 лица, еден пациент од Струга (69г), двајца од Велес (82 и 57г), еден од Битола (82г), еден од Гостивар (70г), еден од Гевгелија (78г), еден од Струмица (81г) и еден пациент од Валандово (48г). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти од:
- Скопје 124
- Куманово 19
- Штип 12
- Прилеп 16
- Тетово 27
- Велес 9
- Битола 18
- Гостивар 10
- Гевгелија 4
- Струмица 5
- Крива Паланка 6
- Радовиш 3
- Крушево 1
- Кочани 11
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 1
- Пехчево 2
- Берово 7
- Валандово 2
- Виница 1
- Свети Николе 1
- Кичево 6
- Ресен 3
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.494, бројката на оздравени пациенти е 67.453, на починати е 2.622, а бројот на активни случаи изнесува 16.419.