Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.533 тестирања, а има 305 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 153
- Кавадарци 30
- Куманово 22
- Прилеп 21
- Тетово 18
- Неготино 14
- Охрид 11
- Гостивар и Гевгелија – по 6
- Струга 5
- Штип и Битола – по 4
- Ресен 3
- Велес и Делчево – по 2
- Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1
Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (79г, 72г, 67г, 57г), 3 пациенти од Прилеп (79г, 71, 70), 2 пациенти од Гевгелија (85г, 71г), и по еден пациент од Куманово (77г) и Битола (80г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 167 оздравени пациенти од:
- Скопје 71
- Прилеп 26
- Велес 10
- Куманово и Струмица – по 6
- Штип и Битола – по 5
- Тетово и Гостивар – по 4
- Кавадарци, Делчево и Кичево – по 3
- Гевгелија, Богданци, Кочани, Пробиштип, Виница и Кратово – по 2
- Неготино, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Радовиш, Валандово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.787, бројката на оздравени пациенти е 91.233, на починати е 3.137, а бројот на активни случаи изнесува 8.417.