Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.525 тестирања, а има 237 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 123
- Куманово 15
- Дебар 1
- Штип 4
- Прилеп 8
- Тетово 7
- Струга 11
- Велес 5
- Битола 5
- Охрид 13
- Кавадарци 11
- Гевгелија 6
- Струмица 5
- Крива Паланка 3
- Радовиш 2
- Кочани 3
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 1
- Берово 2
- Виница 1
- Свети Николе 1
- Кичево 2
- Ресен 1
- Неготино 6

Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје (75г), двајца од Куманово (61 и 65г), еден од Штип (71г), еден од Битола (66г), еден од Охрид (79г), еден од Радовиш (75г) и еден пациент од Кочани (67г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 460 оздравени пациенти од:
- Скопје 219
- Куманово 28
- Дебар 6
- Штип 8
- Прилеп 27
- Тетово 22
- Велес 14
- Битола 21
- Кавадарци 27
- Гостивар 18
- Гевгелија 12
- Струмица 11
- Крива Паланка 4
- Радовиш 4
- Кочани 9
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 1
- Валандово 5
- Кратово 1
- Свети Николе 3
- Кичево 8
- Ресен 2
- Неготино 9
Досега во земјата се направени вкупно 404.347 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84.024, бројката на оздравени пациенти е 62.929, на починати е 2.530, а бројот на активни случаи изнесува 18.565.