Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направено е 741 тестирање, а има 213 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 103
- Куманово 16
- Штип 9
- Прилеп 9
- Тетово 16
- Струга 4
- Велес 5
- Битола 2
- Охрид 1
- Кавадарци 19
- Гостивар 9
- Струмица 3
- Радовиш 2
- Кочани 1
- Пробиштип 3
- Делчево 3
- Кратово 1
- Свети Николе 2
- Неготино 5
Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (80, 69, 89, 87, 77, 79 и 60г), тројца од Куманово (62, 72 и 80г), еден од Прилеп (70г), четири пациенти од Тетово (81, 50, 72 и 60г), еден од Струга (62г), тројца од Битола (80, 60 и 66г), еден пациент од Охрид (69г), еден од Гостивар (69г), еден од Струмица (80г), еден од Крушево (69г), еден од Виница (58г), еден од Делчево (78г) и еден пациент од Свети Николе (69г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 632 оздравени пациенти од:
- Скопје 169
- Куманово 33
- Штип 36
- Прилеп 57
- Тетово 21
- Струга 20
- Велес 33
- Битола 43
- Охрид 26
- Кавадарци 27
- Гостивар 34
- Гевгелија 13
- Струмица 9
- Крива Паланка 5
- Радовиш 9
- Кочани 11
- Пробиштип 4
- Демир Хисар 4
- Македонски Брод 4
- Валандово 4
- Виница 3
- Кратово 2
- Свети Николе 13
- Кичево 25
- Ресен 8
- Неготино 19
Досега во земјата се направени вкупно 365.599 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.851, бројката на оздравени пациенти е 50.046, на починати е 2.147, а бројот на активни случаи изнесува 21.658.