Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.368 тестирања, а има 178 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 42
- Куманово 19
- Дебар 1
- Штип 1
- Прилеп 16
- Тетово 14
- Струга 5
- Велес 5
- Битола 4
- Охрид 3
- Кавадарци 1
- Гостивар 11
- Гевгелија 4
- Струмица 13
- Крива Паланка 2
- Радовиш 2
- Кочани 17
- Пробиштип 2
- Македонски Брод 1
- Валандово 3
- Виница 1
- Делчево 2
- Свети Николе 1
- Кичево 8
Институтот за јавно здравје регистрира 71 оздравен пациент од:
- Скопје 25
- Куманово 11
- Штип 10
- Прилеп 7
- Струга 5
- Охрид 3
- Кавадарци 1
- Гостивар 1
- Крива Паланка 3
- Кочани 3
- Пробиштип 1
- Берово 1
Починати се 4 лица - двајца пациенти од Скопје (61 и 59г), пациент од Куманово (69г) и пациентка од Штип (70г). Сите се починати во болнички услови.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на КОВИД-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 154, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.735, бројката на оздравени пациенти е 13.863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.179.