Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.049 тестирања, а има 166 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 88
- Куманово 2
- Штип 4
- Прилеп 11
- Тетово 13
- Струга 11
- Велес 1
- Охрид 13
- Кавадарци 4
- Гостивар 7
- Крива Паланка 2
- Крушево 1
- Кочани 2
- Пробиштип 2
- Виница 1
- Кичево 2
- Неготино 2
Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (86 и 66г), еден од Куманово (72г), двајца од Штип (59 и 55г), тројца пациенти од Прилеп (79, 74 и 78г), еден од Охрид (82г) и еден пациент од Радовиш (65г). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 416 оздравени пациенти од:
- Скопје 175
- Куманово 22
- Дебар 7
- Штип 12
- Прилеп 15
- Тетово 14
- Струга 24
- Велес 9
- Битола 23
- Охрид 26
- Кавадарци 22
- Гостивар 13
- Гевгелија 4
- Струмица 9
- Крива Паланка 8
- Радовиш 2
- Крушево 2
- Кочани 6
- Пробиштип 4
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 1
- Пехчево 4
- Валандово 3
- Свети Николе 2
- Кичево 1
- Ресен 1
- Неготино 6
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85.494, бројката на оздравени пациенти е 66.209, на починати е 2.581, а бројот на активни случаи изнесува 16.704.