Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.756 тестирања, а има 166 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 46
- Куманово 17
- Дебар 3
- Штип 13
- Прилеп 12
- Тетово 11
- Струга 4
- Велес 3
- Битола 4
- Охрид 2
- Кавадарци 2
- Гевгелија 2
- Струмица 3
- Крива Паланка 2
- Радовиш 2
- Кочани 7
- Пробиштип 1
- Македонски Брод 2
- Пехчево 6
- Берово 4
- Виница 3
- Делчево 12
- Кратово 2
- Свети Николе 3
Нема починати пациенти.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 224 оздравени пациент од:- Скопје 59
- Куманово 34
- Дебар 28
- Штип 15
- Прилеп 6
- Тетово 6
- Струга 6
- Велес 4
- Битола 1
- Охрид 6
- Кавадарци 6
- Гостивар 17
- Радовиш 1
- Кочани 1
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 7
- Македонски Брод 6
- Берово 2
- Виница 7
- Делчево 1
- Свети Николе 1
- Кичево 4
- Неготино 5
Досега во земјата се направени вкупно 153.462 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.762, бројката на оздравени пациенти е 11.965, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.191.