Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие направени се 1.612 тестирања, а се потврдени 164 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 59
- Куманово – 12
- Дебар – 18
- Штип – 17
- Прилеп – 1
- Тетово – 6
- Струга – 6
- Битола – 1
- Кавадарци – 2
- Гостивар – 9
- Пробиштип – 2
- Демир Хисар – 1
- Свети Николе – 23
- Кичево – 6
- Ресен – 1
Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од: Скопје-42, Штип-7, Тетово-1, Струга-4, Велес-1, Охрид-6, Кавадарци-3, Свети Николе-2, Ресен-7, Неготино-1.
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен.
Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во ОБ Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во КБ Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 8 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.786, бројката на оздравени пациенти е 4.676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.704.