Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.636 тестирања, а се потврдени 163 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 52
- Куманово – 21
- Дебар – 2
- Штип – 33
- Тетово – 4
- Струга – 7
- Велес – 2
- Битола – 5
- Охрид – 1
- Кавадарци – 4
- Гостивар – 17
- Струмица – 2
- Кочани – 2
- Пробиштип – 2
- Демир Хисар – 3
- Македонски Брод – 1
- Свети Николе – 3
- Кичево – 1
- Ресен – 1
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравен пациент од: Скопје (41), Дебар (1), Штип (10), Прилеп (4), Тетово (1), Велес (3), Кавадарци (2), Гостивар (6), Пробиштип (1).
Нема починати пациенти.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациент. На кислородна поддршка се 34 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 132 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
- Чаир – 285
- Аеродром – 193
- Бутел – 136
- Гази Баба – 208
- Центар – 162
- Карпош – 176
- Сарај – 116
- Кисела Вода – 150
- Ѓорче Петров – 120
- Студеничани – 109
- Шуто Оризари – 105
- Арачиново – 34
- Илинден – 24
- Петровец – 21
- Чучер Сандево – 12
- Сопиште – 20
- Зелениково- 12
- Странец – 7
- Нераспределен- 2
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.412, бројката на оздравени пациенти е 4.940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.040.