Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.504 тестирања, а има 143 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 43
- Куманово 16
- Штип 4
- Прилеп 9
- Тетово 6
- Струга 2
- Велес 3
- Охрид 2
- Кавадарци 3
- Гостивар 6
- Гевгелија 4
- Струмица 11
- Радовиш 1
- Кочани 15
- Пробиштип 1
- Пехчево 1
- Валандово 3
- Виница 2
- Делчево 3
- Свети Николе 5
- Кичево 2
- Неготино 1
Починати се 9 лица, пациент од Виница (70г), двајца пациенти од Струмица (по 67г), еден пациент од Охрид (48г), од Гостивар (64г), двајца пациенти од Тетово (70 и 71г) и двајца од Куманово (68 и 77г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени пациенти од:
- Скопје 42
- Куманово 14
- Прилеп 11
- Тетово 8
- Струга 5
- Велес 1
- Битола 3
- Охрид 6
- Кавадарци 1
- Гостивар 2
- Гевгелија 1
- Струмица 3
- Радовиш 1
- Кочани 3
- Пробиштип 1
- Пехчево 1
- Берово 1
- Делчево 2
- Кратово 1
- Свети Николе 3
Досега во земјата се направени вкупно 182.538 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.343, бројката на оздравени пациенти е 14.422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.200.