Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 854 тестирања, а има 129 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 76
- Кавадарци 19
- Неготино 9
- Битола 9
- Прилеп 6
- Велес 3
- Охрид 3
- Струга 3
- Куманово 2
- Тетово 2
- Гостивар 1
- Штип 1
- Кичево 1
- Виница 1
- Македонски Брод 1
- Демир Капија 1
Починати се 13 лица, 5 пациенти од Скопје (76г, 70г, 61г, 58г, 54г ), 2 пациенти од Кавадарци (87г, 78г ), и по еден пациент од Тетово (73г), Куманово (79г), Охрид (66г), Гевгелија (73г), Прилеп (80г) и Неготино (61г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 342 оздравени пациенти од:
- Скопје 101
- Кавадарци 49
- Делчево 45
- Охрид и Струга по 22
- Велес 18
- Прилеп 14
- Неготино 11
- Тетово 7
- Куманово 6
- Гостивар 5
- Демир Капија 5
- Свети Николе 5
- Берово 5
- Штип 4
- Гевгелија 3
- Радовиш 3
- Валандово 3
- Битола 2
- Струмица 2
- Крива Паланка 2
- Пробиштип 2
- Демир Хисар 2
- Богданци 2
- Кочани 1
- Кратово 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.408, бројката на оздравени пациенти е 89.742, на починати е 3.076, а бројот на активни случаи изнесува 6.590.