Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.372 тестирања, а има 112 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 46
- Куманово 7
- Штип 1
- Прилеп 2
- Тетово 1
- Струга 6
- Велес 4
- Битола 7
- Охрид 4
- Гостивар 3
- Струмица 11
- Радовиш 3
- Кочани 4
- Пробиштип 1
- Берово 1
- Валандово 1
- Виница 1
- Делчево 1
- Кратово 1
- Свети Николе 4
- Кичево 2
- Ресен 1
Во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53, 76 и 82г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од:
- Скопје 42
- Куманово 8
- Штип 3
- Прилеп 8
- Тетово 10
- Струга 6
- Велес 4
- Битола 3
- Охрид 10
- Кавадарци 2
- Гостивар 13
- Гевгелија 11
- Струмица 4
- Крива Паланка 2
- Радовиш 2
- Крушево 2
- Кочани 4
- Пробиштип 1
- Македонски Брод 2
- Пехчево 1
- Берово 3
- Валандово 1
- Виница 2
- Делчево 8
- Свети Николе 3
- Кичево 3
- Ресен 1
Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.786, бројката на оздравени пациенти е 14.801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.248.