Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие е направено 761 тестирање, а има 106 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 72
- Куманово 4
- Штип 2
- Прилеп 5
- Тетово 3
- Битола 1
- Кавадарци 4
- Гостивар 6
- Струмица 5
- Радовиш 1
- Кочани 1
- Берово 1
- Ресен 1
Починати се 20 лица, четири пациенти од Скопје (85, 63, 86 и 77г), еден од Куманово (65г), еден од Дебар (68г), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81г), двајца од Битола (84 и 69г), еден од Охрид (55г), еден од Кавадарци (81г), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67г), еден од Крива Паланка (82г), еден од Крушево (49г), еден од Валандово (64г) и двајца од Неготино (66 и 80г). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 603 оздравени пациенти од:
- Скопје 230
- Куманово 24
- Дебар 5
- Штип 18
- Прилеп 51
- Тетово 8
- Струга 30
- Велес 20
- Битола 26
- Охрид 54
- Кавадарци 27
- Гостивар 14
- Гевгелија 11
- Струмица 8
- Радовиш 8
- Кочани 10
- Пробиштип 5
- Демир Хисар 2
- Македонски Брод 2
- Пехчево 7
- Берово 4
- Виница 2
- Кратово 3
- Свети Николе 4
- Кичево 7
- Ресен 3
- Неготино 20
Досега во земјата се направени вкупно 405.108 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84.129, бројката на оздравени пациенти е 63.532, на починати е 2.550, а бројот на активни случаи изнесува 18.047.