Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 764 тестирања, а има 100 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 47
- Куманово 3
- Дебар 12
- Штип 1
- Прилеп 4
- Тетово 10
- Велес 3
- Охрид 4
- Кавадарци 8
- Гостивар 3
- Крива Паланка 1
- Радовиш 1
- Кочани 2
- Кичево 1
Починати се 11 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 72 и 67г), еден од Тетово (68г), еден од Гостивар (78г), еден од Крива Паланка (84г), еден пациент од Кочани (41г), еден од Демир Хисар (72г), еден од Македонски Брод (78г) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени пациенти од:
- Скопје 314
- Куманово 10
- Штип 14
- Прилеп 27
- Тетово 16
- Струга 8
- Велес 16
- Битола 26
- Охрид 16
- Кавадарци 13
- Гостивар 13
- Гевгелија 12
- Струмица 12
- Крива Паланка 3
- Крушево 11
- Кочани 9
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 2
- Македонски Брод 2
- Пехчево 3
- Берово 3
- Валандово 3
- Делчево 1
- Свети Николе 1
- Кичево 5
- Ресен 7
- Неготино 3
Досега во земјата се направени вкупно 411.804 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85.594, бројката на оздравени пациенти е 66.760, на починати е 2.592, а бројот на активни случаи изнесува 16.242.