Почетна » Колумни » Сензорни авантури » Колумна: Што претставува сензорна корпа?

Колумна: Што претставува сензорна корпа?

Сензорната корпа е независен начин на игра кој им овозможува на дечињата од најмала возраст да истражуваат и да доаѓаат до заклучоци за употребата на предметите.

Преку сензорните активности, малите дечиња можат да ги спознаат и подобро да ги сфатат светот и околината. Одлични се за говорот и целокупниот развој и ги поттикнуваат и стимулираат моторните вештини на детето.

За кого е наменета?

Бебињата кои веќе успеваат самостојно да седат може да започнат со ваков вид на игри.

Што можеме да употребиме?

Најразлични предмети од домот и домаќинството.

Сензорна корпа
  • Мултисензорни. Децата ги активираат сите сетила при истражување на содржината на овие корпи.
  • Љубопитност. Миксот од различни бои, форми и текстури ја има целта да ја поттикне љубопитноста и интересот кај најмалите, а со тоа и мотивацијата за учење и спознавање на сопствената околина.
  • Донесување одлуки. Се препорачува индивидуална игра на детето, без мешање од наша страна и негово самостојно одлучување кој предмет од корпата ќе го земе и на кој начин ќе го искористи.
  • Груба моторика и седење. Координирани движења на рацете, префрлање на играчката од една во друга рака, поттикнување да се премине средишната линија и да изведува посложени движења.
  • Фина моторика. Активирање на прстињата.
  • Експериментирање и осознавање на текстурата и материјалот на предметите. Учење преку овој вид на сензорно спознавање.
  • Насочување на концентрацијата и одржување на фокусот.
  • Контакт и запознавање со полесно/потешко, пократко/подолго, тркалање/тропкање итн.

Посебно внимание и воздржување од употреба на помали предмети поради опасноста од голтање!

Примери за стимулирање на одделни сетила со друг вид сензорни корпи:

  1. Звучна сензорна корпа со различни предмети кои испуштаат различни звуци.
  2. Сензорна корпа со топки. Ставете топки со различна големина, материјал/текстура, потврди и помеки.
  3. Сензорна корпа со предмети во една боја.

Автор: Oursensoryfamily
Мајка на три мали девојки и водич на едно незаборавно детско патување низ светот на сензориката. Секојдневие исполнето со неуморно истражување на природата и негување на љубовта кон животните, практикување на најразлични екперименти и DIY проекти, многу игри и забава.
Во постојана потрага по балансот во животот.
Длабоко верува дека со работа, труд, упорност и трпение можни се и чуда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20777 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.