Почетна » Колумни » Ловец на приказни » Само некои луѓе добиваат VIP ложа во мојата душа
Ловец на приказни

Само некои луѓе добиваат VIP ложа во мојата душа

Сретнав една моја драга пријателка, со која се дружевме во минатото. Двете се изненадивме на средбата, констатиравме колку многу време поминало откако последен пат се видовме, срдечно се гушнавме, и се бакнавме. Убаво е чувството да видиш драг пријател по долг период. Рековме дека ќе се видиме, но и таа, а и јас потајно знаевме дека тоа никогаш нема да се случи, освен ако не се сретнеме повторно случајно.

Интересно е како двете со ентузијазам договаравме повторна средба, таа за да не ме навреди мене, јас да не ја навредам неа. Чудни се патиштата... со некои луѓе до некаде одите заедно, а потоа, секој по својот пат. Ете имам убава емоција за пријателката, никогаш немало лоши моменти, но главната причина што најверојатно ќе доведе никогаш да не ѝ го свртам бројот е тоа дека во минатото немало и посуштинско дружење со неа.

VIP

Мислам дека на сите ни се случува да сретнеме некој драг пријател, да се поздравиме, да си размениме броеви, или да си кажеме ќе се чуеме, и тоа останува така, само на муабет. Телефонскиот именик барем мојот е преполн со броеви кои најверојатно никогаш нема да ги свртам. A и бројот на Facebook-пријатели ми е голем, но тоа е секако само виртуелно. Јас мислам дека во нашите животи постојат личности кои ни се драги и личности кои ни се важни – VIP (Very Important Person). За останатите попатни луѓе не правам муабет.

И кога ова го кажувам, не мислам на celebrity. Мислам на оние луѓе кои ги слави нашето срце. Обично тоа се неколку лица, најверојатно ќе се избројат на една рака. Пријатели, роднини, партнерот... заедничко за сите нив е што тие секогаш имаат посебно место во нашите срца. Тоа се личности кои никогаш сериозно нема да ти замерат, кои секогаш наоѓаат објаснување за некоја твоја постапка, а не причина за да ти се лутат. Добро те познаваат и знаат до каде може да издржи твојата кревка душа. Само одбраните добиваат посебна ложа. Тие се нашите јунаци, тие секогаш се во првиот ред на нашите приоритети.

Кога ми е важна една личност, никогаш не размислувам дали да ѝ се јавам, едноставно го вртам бројот. Тие добиваат карта за посебен балкон, со поглед поблиску до мојата внатрешност. VIP личностите се главните сведоци на сите настани кои нѐ тиштат или нѐ прават среќни или горди. Со нив се споделува целата сценографија на нашиот живот, тие умеат да видат од наша перспектива. Овие луѓе никогаш нема да ти биде глупаво да ги побараш, никогаш нема да се стегаш да побараш нешто од нив, никогаш нема да стравуваш дека ќе те осудат за некоја постапка, никогаш нема да се плашиш пред нив да покажеш слабост или да покажеш успех. Пред нашите VIP личности ние сме тие вистинските, без никакви сопирачки. Слободни како птички, со нив сме си дома. Тие го заземаат почесното место.

Автор: Тоа сум јас
Имам две човечиња на рамена, едно лошо и едно добро. Ова лошото гледам да не дојде до збор. Сакам позитивни луѓе. Тешко е човек да каже нешто за себе, а да не e тоа карактеристика која тој си ја умислил, оти најлесно е кога се зборува за другите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19725 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.