Почетна » Колумни » Ловец на приказни » Жената решава кој ќе ја љуби, ќе ја допре или ќе се размножува со неа
Ловец на приказни

Жената решава кој ќе ја љуби, ќе ја допре или ќе се размножува со неа

Бевме излезени во град и едно момче ѝ се доближи на една моја пријателка, која е постара од мене четири години. Разговараа и по извесно време се вртам и кога гледам, тие се бакнуваат. И тоа овој ја зграпчил страсно, а таа се поттргнува. Ама сигурна бев дека не ѝ се допаѓа типов. Многу се изнервирав, ја поттргнав настрана и ѝ реков: „Добро што правиш?“ А таа почна да ми се правда: „Тој навалува.“И сега што ако тој навалува!“ – мудрував јас. „Што ти е гајле што сака тој. Негов проблем. Разбирам ако ти се допаѓа, ама вака не ја бива. Ќе се тргнеш настрана и ќе му кажеш да олабави“ – инсистирав јас. Фала богу по неколку минути го откачи.

Жена

Мојата пријателка не беше свесна дека таа е таа која ги поставува условите и може да ја контролира ситуацијата, требаше само да посака. Според мене, со мажите лесно може да се комуницира ако им се нацрта прагот до каде можат да одат. Секако не зборувам за екстремни личности.

Кога кажувам да се нацрта линијата, мислам суптилно да ставам до знаење дека не сум заинтересирана за каква било друга „дружба“ освен разговор. Ако не разбира, и упорно си стои на своето, му кажувам отворено.

Еднаш имав необична случка со едно момче кое ми призна дека има девојка, но тоа не му пречеше да ми се удвара, притоа не размислувајќи дека можеби мене ми пречи тој факт. Не можеше да „сконта“ дека никогаш не ми биле предизвик такви мажи, особено заради тоа што ако сега ја изневерува неа, утре ќе ми го направи истото и мене. Но самиот факт што се дрзна да ми се удвара, и покрај тоа што ми кажа дека е во врска, навредува.

Паметам дека му реков да не си го прави тоа себеси оти во случај јас да се согласам да бидам со него, тој ќе има грижа на совест што вечно ќе го прогонува. „Зар можеш денес да ме бакнеш мене, а утре твојата девојка да ја гледаш в очи и искрено да ѝ кажеш Те сакам. Или денес да ме милуваш мене, а утре неа. Што кажува ова за тебе, дека срцето не ти вреди пет пари. Џабе го носиш во градниот кош, само да те одржува во живот“ – му реков. Знам дека збунето ме гледаше и верувам дека другиот ден девојката му беше помила, и мислам дека љубовта повеќе ја вреднуваше.

Не знам, можеби грешам, постои веројатност и лошото искуство со мене да не го поколеба да продолжи да бара нова кандидатка за прељуба. Некоја што ќе одлучи да му дозволи да ја прејде линијата. Тој во суштина не одлучува ништо освен што решил да доживее авантура. За него одлучува некој друг. Некоја жена ќе пресуди дали ќе доживее нова возбуда или не. Мислам дека нешто слично е и со другарувањето меѓу машко и женско. И тука жената ги поставува линиите, затоа што ако се премине границата, постои ризик другарството да прекине.

Некако цел живот сум се дружела со машки и мислам дека дружбата со нив ми била поискрена. Тие навистина знаат да бидат добри пријатели. Причината за тоа можеби е што нема ривалство меѓу нас. Мислам дека жените се поголеми манипуланти од мажите, иако такви има и машки примероци, но поретко.

Жените решаваат дали некој ќе ги љуби, ќе ги допре или ќе се размножува со нив. Сите одлуки се во нивни раце. Сѐ зависи од жената. Ако таа испраќа такви сигнали, тогаш мажот ги сфаќа тие знаци како повик за нешто повеќе од пријателство. Тој може да навалува, но доколку таа сака, секогаш може да рече „не“. Ако пак ситуацијата е обратна и жената навалува, ретко кој маж знае да одбие жена. А и ретки се тие што знаат да кажат „не“. Јас барем таков не познавам. Затоа жената е таа која ги поставува и ги брише границите меѓу неа и него. Таа секогаш ја има моќта да создава или да урива љубови.

Автор: Тоа сум јас
Имам две човечиња на рамена, едно лошо и едно добро. Ова лошото гледам да не дојде до збор. Сакам позитивни луѓе. Тешко е човек да каже нешто за себе, а да не e тоа карактеристика која тој си ја умислил, оти најлесно е кога се зборува за другите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19661 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.