Некои деца никогаш ја немаат искусено радоста да уживаат под снегулките и да си играат во снегот.
Токму затоа едно училиште од Австралија ја паузираше наставата за учениците да можат да го искусат снегот кој таму паѓа многу, многу ретко. Училиштето се наоѓа јужно од Квинбијан, во близина на Канбера.
Видеото од детската радост беше објавено на страница за споделување добри вести, каде пишува:
„Часовите паузирани за уживање во снегот: Училиште во Австралија ја паузираше наставата за децата да можат да искусат снег (тоа се случува еднаш во една деценија). Многу од нив никогаш немаат видено снег – како детето во видеото“.