Австралија веќе ја дочека новата година. Со голем огномет во Сиднеј беше означен почетокот на 2021 година.
Традиционалниот спектакл годинава помина без посетители поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.
Сиднеј
Од друга страна, Нов Зеланд влезе во 2021 година без рестрикции, бидејќи подолго време нема регистрирани случаи на КОВИД-19. Големи толпи го проследија огнометот во Окленд.