Жена му приреди на саканиот слатко изненадување кое никогаш нема да го заборави.
За време на паузата на спортски натпревар двајцата партнери беа прикажани на екранот на „камерата за бакнеж“. Откако се бакнаа на екранот се појави натпис: „Честитки Џејмс. Ќе станеш татко“.
Видеото брзо стана вирален хит и луѓе кои беа присутни на натпреварот ги споделија впечатоците во коментарите:
„Бев на овој натпревар и седев недалеку од нив. Беше многу слатко додека гледав како сите се прегрнуваа и им честитаа откако се исклучи камерата“.
„И јас бев на натпреварот и плачев кога се случи ова“.