Почетна » Забава » Видео » Прекрасно изненадување: Детенце изведе песна на знаковен јазик за глувата мајка

Прекрасно изненадување: Детенце изведе песна на знаковен јазик за глувата мајка

Љубовта на мајките кон нивните деца е неизмерна, но и децата не забораваат да возвратат на неа.

Кога ученици од градот Ранкагва во Чиле ја изведувале песната „When I’m Watching You“ за своите мајки за време на приредба, едно момче знаело дека неговата мајка не може да слушне што се пее, бидејќи била глува. Сакајќи да ја вклучи во училишниот настан, тоа одлучило да ја изненади со специјална изведба на знаковен јазик.

Од видеото се гледа дека детенцето е полно со емоции додека ѝ пее на мајка си:

„Кога ги гледам твоите очи, тие ми се смеат. Кога ти ги држам рацете, тие ме тешат. Кога ми го бакнуваш образот, кога осамнува утрото, тогаш те сакам најмногу. Мамо моја... Ти си свеж воздух во утрото. Ти си топло сонце кое некогаш влегува низ прозорецот. Ти си бел песок кога те бакнувам. Ти едноставно си онаа која ја сакам“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.