Кога семејството се проширува, сите негови членови се возбудени... Или можеби не?
Девојче започнува да плаче од тага кога родителите ќе откријат дека очекуваат не едно, туку две бебиња. Неочекуваната реакција беше снимена и сега му е драгоцен спомен на семејството.
Пред неколку дена Стејси Бејтс ја објави снимката на која со сопругот им соопштуваат на двете поголеми деца Хејли и Дилан дека ќе бидат „поголем брат“ и „поголема сестра“. Но, наместо да се радува, Хејли започнува да плаче и вели: „Не сакам уште едно дете. Сакам јас да сум најмала“. Реакцијата е уште побурна откако ќе дознае дека мајка им носи близнаци.
Близнаците сега се пораснати и се обожавани од Хејли и Дилан.