Слатко видео од моментот кога дедо ќе дознае дека внучето е крстено по него ќе ви разбуди емоции.
Мајкл Шеф немал претстава какво изненадување го очекува кога влегол во болничката соба каде што се наоѓала неговата штотуку породена ќерка со бебето. Во видеото, откако Мајкл ќе прочита дека внукот го носи неговото име, не може да си ги задржи солзите од среќа.
Бебето го добило и неговото средно име Шеф, кое се изгубило кога таа и нејзината сестра се омажиле.
„Кога ја видов нивната реакција, немаше сомнеж дека нашиот син го доби совршеното име. Видеото е спомен кој ќе го цениме засекогаш“ – напиша ќерката на Мајкл, Џеси.