Почетна » Забава » Видео » Двојно роденденско изненадување: Девојка прво добива куче, а потоа предлог за брак од саканиот

Двојно роденденско изненадување: Девојка прво добива куче, а потоа предлог за брак од саканиот

Франческа Монтеросо од САД имаше роденден за паметење.

Среќната славеничка доби двојно изненадување од саканиот – кученце и веренички прстен.

Во видеото, нејзиниот партнер прво ѝ вели да мижи додека тој го донесе роденденскиот подарок, а откако таа ќе се израдува на слаткото кученце, тој ѝ вели да го прочита неговото име.

На околувратникот на кучето пишувало: „Ќе се омажиш ли за нас?“.

„Моето момче ги покани моето и неговото семејство кај нас на вечера за мојот роденден. Ми рече да ги затворам очите додека да го добијам мојот подарок (мислев дека ќе биде велосипед). Откако ми го подаде кученцето, ми рече да погледнам какво име му даде, на ознаката пишуваше: Ќе се омажиш ли за нас?“ – напиша радосната девојка, која без размислување му одговори ДА.

@happiestofficial This would be the best day of my life (@Francesca Monterosso) #proposal #puppy #puppysurprise #surprise #foryoupage #fyp ♬ original sound - HAPPIEST

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.