Даниел Буш воопшто не очекуваше дека нејзиниот настап на полувреме на кошаркарски натпревар ќе ѝ донесе мигови кои ќе ги памети засекогаш.
Разиграната девојка остана збунета на теренот кога наеднаш беше променета музиката и сите околу неа започнаа да танцуваат на кореографија која не ѝ беше позната. На почетокот, таа се обиде да се вклопи, копирајќи ги нивните движења, но набрзо сфати дека новата песна „Marry You“ е всушност за неа.
Во тој момент, на паркетот се појави нејзиниот дечко Брендон и ја побара за жена.
Среќната реакција на девојката освои многу срца.