Видеото „The Human Jukebox“ ќе ви го разубави денот. Collective Cadenza (скратено cdza), групата музичари кои прават музички видео експерименти, стана „човечки џубокс“ на улиците во Њујорк, изведувајќи музички нумери според донациите на минувачите.
Талентираните музичари ја менуваат музиката, но и темпото, во зависност од тоа во која тегла публиката ќе стави донација.
Сите собрани пари биле испратени во непрофитната организација „Wingspan Arts“.