Понекогаш семејствата на воените лица прават големи жртви.
Такво е семејството на полковникот Мајкл Гонзалес, кој неодамна бил отсутен од домот цели 30 дена. Моментот кога тој се врати дома и ги изненади малите синчиња беше снимен од сопругата Пејџ која ја објави снимката на социјалните мрежи.
„Ти си нашиот дом“ – напиша таа во описот.
Видеото брзо стана хит на Instagram, а многумина му се заблагодарија на Мајкл што ѝ служи на татковината.