За да ги изненадат своите девојки, момците обично им приредуваат пријатни изненадувања. Но, Џорџ Дауд на својата сакана ѝ приреди мошне непријатно изненадување и оттогаш е нарекуван „најлошиот дечко на светот“.
Тој тајно влезе во станот на својата девојка и си стави маска каква што би носел крадец. Откако девојката пристигна со сестра ѝ и уште една пријателка, тој излезе носејќи во рацете телевизор и лаптоп, симулирајќи кражба. Девојките преплашени со врескање избегаа низ вратата, а нивниот страв предизвика и солзи.
Видеото на Џорџ стана голем хит на интернет. Во интервју за Good Morning America, трите девојки изјавија дека му простиле на Џорџ за невкусната шега, а тој призна дека сега е малку параноичен бидејќи очекува одмазда.