Мет Хардинг стана вистински хит низ цел свет кога во 2008 година објави видео на кое танцува во 43 различни земји со илјадници поддржувачи. Разиграното видео досега има речиси 43 милиони прегледувања.
Сега Мет се враќа со ново позитивно видео, кое дефинитивно ќе го продолжи успехот на првото. Во видеото тој танцува со илјадници насмеани лица и ги зближува различните култури и народи.
Во првото видео Мет танцуваше низ светот, а во новото шармантно видео танцува со светот.
И покрај многуте патувања, Мет пронајде време за да создаде семејство со својата девојка Мелиса, која можеме да ја видиме на крајот заедно со нивниот син.
Ако го имате пропуштено, погледнете го неговиот хит од 2008:
Мет всушност е 35-годишен авантурист кој пред неколку години сметал дека сè што сака да прави во животот е да игра и да создава видео игри. Но, во февруари 2003 година сфатил дека многу други нешта му недостигаат, дал отказ и со заштедата започнал да патува низ Азија. Во 2006 година, за шест месеца поминал 39 различни земји на сите континенти, но неговото видео од 2006 година не постигнало ни приближно толкав успех како поновите.
Мет станува сè подобар и подобар и собира сè повеќе обожаватели.