Божиќната реклама на лондонскиот аеродром „Хитроу“ стана вистински хит, бидејќи допира до срцата на семејствата кои со нетрпение ги чекаат празниците за да ги видат најмилите.
Во видеото, две мечиња пристигнуваат на аеродром и неодоливо се движат низ сите стандардни процедури. Кога нив со отворени раце ќе ги пречекаат две затрчани дечиња, мечињата се претвораат во баба и дедо кои со радост ги гледаат своите внучиња.